Подготовка за консултации со јавноста
Европскиот центар за контрола на болестите (European Center for Disease Control - ECDC) сега зазема цврсто учество во нашиот процес.
Делегати од оваа ново-формирана ЕУ организација, како и делегати од нашиот долговремен подржувач.Светската здравствена организација (СЗО), ни дадоа исклучителен, мисловно-провоцирачки и многу корисен семинар за јавни консултации: начини како да се организирааат и како да се одбегнуваат замките при истите.
Не постои универзална формула, се разбира. Секоја земја има свои идиосинкратични вредности и услови. Последователно, петте предавчи пробаа да избегнат да пропишат модел и се усмерија кон исцртување на територијата за граѓанското ангажирање. Со помош на примери од другите земји - од Канада до Романија - тие ги испровоцираа присатните членови на Комитетот, претставниците на младината од НВО ХЕРА и двајцата новинари, кои учествуваа во прегледот на превземените активности.
Со анализата 'Силни страни, слаби страни, можности и закани (SWOT)' за оперативноста на Комитетот, се доби смислата на работата во ново светло со ставање на истата во контекст дека: многу земји пробале и не успеале да го завршат дури и нивото на инволвираност на учесниците кое ние го имаме. За идните ангажмани со пошироката јавност треба да се земе во предвид недостатокот на извори за финансирање и за човечки ресурси, од една страна, и секогаш присатниот ризик за предизвикување хаос наместо за стуктурна и продуктивна дебата, од друга страна.
Членовите формираа невообичаено живи работни групи, потпомогнати од предавачите. Репортерите ги сумираа постапките на овие мини-собири и ги известуваа истите во потполност. Некои многу практични увидувања се појавија речиси веднаш:
1. Членовите на Комитетот имаат потреба од повеќе време за да поднесат материјал, кое е често резултат за консултации во самите здруженија, организации и невладините организации кои тие ги застапуваат.
2. Составувањето на Зелената книга треба да биде направено од членовите на разните поткомитети, избрани од нивните колеги на демократски и транспарентен начин.
3. Препорачана е само една фаза за ангажирање на јавноста. Таа треба да е комбинација од структурна и оддолжена интеракција со претставителен примерок од популацијата (во форма на фокус групи, советодавни гласања, граѓански поротници, или некој друг метод) со електронски придонеси (одговори на прашалници преку невладините организации и матичните лекари, поднесување придонеси преку електронска пошта и интернет страницата, итн).
4. Димензијата на односите меѓу медиумите и јавноста за целиот процес крајно недостасува. Не успеавме да ги ангажираме медиумите и да ги заинтересираме за настаните и активностите на Комитетот. Нашите гости предложија неколку идеи како да го преобратиме овој прекин. Примери: да се пропратат обемни документи, како Зелената книга, со 'потенок' леток или брошура ('зелена хартија'), да се дистибуира 'зелената хартија' како додаток во дневните печатени весници; и да се побара медиумско партнерство и спонзорство. Ние, исто така, разговаравме за тековен семинар специјално за членовите на медиумите, можеби да се поврзе со претставувањето на Зелената книга.
Разговарав со членови на Комитетот откога заврши настанот. Сите ние се чувствуваме посигурни и со обновен осет за насока. Немаме одговори, но сега изгледа дека заедно ги поседуваме и правите прашања и можните решенија. Треба да се состанеме и да го изложиме она што го научивме. Семинарот нé растресе, постави огледало пред нашиот колективен напор и нé направи да го достигнеме она најценетото во еден ваков сложен потфат како нашиот: јасноста.


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb

Испрати коментар