Имавме возбудлива недела.
Понеделникот и вторникот (22 и 23 Јуни) ги поминавме во Маврово каде ја изработивме матрицата на Програмата за работа на Комитетот за упнапредување на здравствениот систем на Република Македонија,
обединувајќи ги прилозите од £леновите на Комитетот (заедно со експертите од Светската здравствена организација, со Програмскиот координатор и со нашите волонтери Никола Грп£евски, магистар по менаџмент во здравството од Бокони универзитетот во Милано, Италија, и Лидија Рангеловска).
Во средата (24 Јуни) се формираше Форум на претседава£и на подкомитетите и се разгледуваа работните процедури на подкомитетите во првата фаза (подготовка на Зелената книга).
Форумот на претседава£и на подкомитетите ќе се состанува еднаш месе£но, еден £ас пред одржување на пленарната седница на Комитетот за да ги: (1) сподели искуствата и информациите од подкомитетите, и (2) координира заедни£ките состаноци на подкомитетите.
Членовите на Комитетот кои имаат право на глас можат да предложат “поостојани £ленови”. Номинираните постојани £ленови ќе бидат прифатени или не според мнозинското гласање во подкомитетот во кој биле номинирани за постојани £ленови.
Постојаните £ленови можат да у£ествуваат на сите состаноци на подкомитетот во кој истите се постојани £ленови и ќе ги имаат истите права и обврски како £леновите со право на глас, освен што нема да имаат право на глас.
Делегатите на кој им е предадена должноста од £лен со право на глас ги има истите права и обврски како £ленот со право на глас, вклу£увајќи го и правото на глас.
Членовите, постојаните и оние со право на глас, можат да поканат експертски сведоци на состаноците на нивните подкомитети. Поканите на експертските сведоци се предмет на одобрување, со мнозинско изгласување од страна на £леновите со право на глас во подкомитетот во кој сведокот ќе сведо£и.
Експертските сведоци ќе бидат поканети од страна на подкомитетите преку Секретаријатот.
Пленарната седница на Комитетот за упнапредување на здравствениот систем на Република Македонија ќе се одржи на 30 Јуни 2009г. во 10 £асот во Хотел “Стонебридге”. На седницата ќе се разгледува Програмата за работа на Комитетот, ќе се направат нејзини исправки и истата ќе се усвои. Исто така, на седницата ќе се договори фреквентноста за одржување на состаноците на подкомитетите: еднаш неделно или два пати месечно. Потоа следува работа, само работа и работа - додека не се продуцира Зелената книга и истата се прикаже на јавноста.


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb

Se nadevam deka ova moe reagiranje ke bide sfateno kako dobronamerno ukazuvanje na vaznosta od tocni i tehnicki ispravni tekstovi na oficijalniot sajt na Komitetot. Od delentatizam do ovde i dojdovme.
So pocit,
d-r Vanco Apostolovski
P.S.
Tekstot ne mora da bide objaven
Испрати коментар