Формирање и работа на Комитетот за унапредување на здравствениот систем во Република Македонија
Министерството за здравство е ориентирано кон утврдување на јасна и конкретна политика и стратегија, како и воспоставување на солидна правна основа за унапредување и интегрирање на здравствениот сектор во Република Македонија
преку водење на транспарентен, организиран и формализиран процес на консултации и координација со сите заинтересирани субјекти во државата.
Крајната цел на овој комплексен потфат е унапредување на здравствената состојба на населението преку намалување на постојните разлики во однос на државите во Европската Унија.
Основа на процесот ќе претставуваат препораките на меѓународните организации каде Република Македонија е земја–членка, особено Светската здравствена организација, обврските од ратификуваните меѓународни инструменти, препораките на ЕУ, добрите пракси во земјите од Европа и светот, како и националните потреби.
Во интерес на добрата организација на овој процес и на ефикасно и ефективно работење во насочување на реформите во здравствениот сектор, се формира Комитет за реформи во здравството, како независно тело. Комитетот се основа со цел да спроведе активности за согледување на состојбата во здравството на РМ по однос на реализацијата на преземените мерки и активности, насочување / предлагање на насоки и следење на реформите во областа на здравството, преку спроведување на широк консултативен процес и постигање на консензус со сите заинтересирани страни во Република Македонија, вклучувајќи ги и развојните партнери на Република Македонија, а особено Светската здравствена организација и Агенцијата за меѓународен развој на САД.
Комитетот се основа во состав од :
- Претставник на развојните партнери
- Претставник на невладиниот сектор за заштита на правата на пациентите
- Претставник на Лекарската, Стоматолошката и Фармацевтската комора на Македонија
- Претставник на Медицинскиот факултет, Универзитет „Кирил и Методиј„, Скопје
- Претставник на Здружението на медицински сестри и акушерки
- Претставник на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија
- Претставник на Правниот факултет, Универзитет „Кирил и Методи„, Скопје, експерт по уставно право
- Правен експерт за законодавство во областа на здравството и
- Финансиски експерти (еден национален и еден странски).
Во составот на Комитетот можат да влезат и други лица по утврдена потреба.


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb

Испрати коментар